Во селото Стањевци, Свети Николе, во трло сопственост на Б.Д. поради неисправна електрична инсталација избувнал пожар во кој изгореле 13 јагниња, кровната конструкција и дел од трлото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица.

Пожар имало и покрај регионалниот пат Делчево-Берово во кој биле опожарени околу 20 хектари борова шума и сува трева. Пожарот во 17,45 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.

A вчера околу 15 часот било пријавено дека во Неготино, на потегот од ЖС-Криволак кон ЖС-Градско, во непосредна близина на полигонот на АРМ, настанал пожар, при што биле опожарени лозја, а на неколку места биле зафатени и делови од прагови на железничката пруга Скопје- Гевгелија. Пожарот во 16,10 часот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица.