Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски.

Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден.

Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.