Да имаше Владо Бучковски капацитет и интегритет да направи исчекор и да ги реши предизвиците со Бугарија и евроинтегративниот процес, ќе го направеше тоа кога Заев и судско обвинителската мафија го амнестираа неговиот криминал со тенковски делови преку влијанија низ судството и го назначи за преговарач во спорот со Бугарија.

Дали во меѓувреме станал заложник на политиката на двоецот Заев Филипче, заради амнестијата на криминалот и неговата рехабилитација преку позицијата за преговарач со Бугарија, која ја искористи за себе наместо да го реши проблемот, не знаеме, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Но, знаеме сигурно дека ако Бучковски нешто тврди и му асистира на ваков начин на споменатиот двоец, сигурно е нешто прлјаво во позадината.

Бучковски остана еден од ретките кои ги бранат политиките на овој двоец вака без ронка срам што пак од една психолошка гледна точка е интересно да се гледа.

Посебно кога знаеме дека покрај портпаролот кој е платен од двоецот, и пар други лица кои имаат должничко доверителски односи со двоецот, ретко кој има вака ниска самопочит да влета во оваа тема директно во купусот.

Со сета сериозност кон јавноста заради чувствителноста на темата, ова што пред избори ја одбираат оваа тема е само по себе сигнал кој треба да не алармира сите како држава дека се спрема ново предавство, кое истото СДС со истите луѓе кои не се менуваат, ќе го спроведе.

Затоа мора да се казнат и сите масовно да им покажеме каде им е местото.