Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, дознава „А1он“ од извори во правосудните органи. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.

Адвокатот Влатко Илиевски  во интервју за „Република“ исто така истакна оти се надева на позитивен исход за случаите кои тој ги застапува.

За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход-истакна сопругот на поранешната министерка Јанкуловска