Во Европската унија општините на годишно ниво во просек собираат по 486 килограми комунален отпад по човек, покажуваат податоците на Еуростат за 2017 година. Оваа бројка е непроменета во однос на претходната година и е за седум проценти под максимумот од 525 килограми во 2002 година.
Нашата земја е меѓу трите последни во Европа со 344 килограми и бележи намалување во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми комунален отпад по глава на жител.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу отпад по жител во 2017 година е собран во Данска – 781 килограм, по што следи Кипар – 637 килограми и Германија – 633 килограми.
На другиот крај од скалата, три земји членки на ЕУ што собрале најмалку отпад по глава на жител се Романија – 272 килограми, Полска – 315 килограми и Чешка – 344 килограми.
Во земјите од регионот најмногу општински отпад по глава на жител собрале Грција – 504 килограми, Словенија – 471 килограм и Албанија – 436 килограми, додека Северна Македонија е меѓу трите последни со 344 килограми, по што следат Србија – 306 и Косово со 228 килограми отпад по глава на жител.
Во земјава собраниот комунален отпад на годишно ниво по глава на жител бележи пад во однос на претходните години, откако во 2015 се собрани 380 и во 2016 година 385 килограми.
Според дефиницијата на Еуростат под комунален отпад се подразбира отпад што е собран од јавно комунално претпријатие на локално ниво и пренесен на депонија што е дел од систем за менаџмент на отпад. Општинскиот отпад во најголем дел е составен од отпад што го прават домаќинствата, иако вклучува и отпад од продавници, канцелари и јавни институции. Вака дефинираниот комунален отпад значи дека државите кои имаат поефикасен ситем за менаџмент на комунален отпад можат да соберат повеќе отпад на годишно ниво.
Comments are closed for this post.