Некогашнот сопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим е обвинет за финансиска недисциплина, односно дека не им плаќал на фирми кои испорачале свои услуги. Судењето на Керим, како што дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“ е закажано за првата половина на декември, иако Управата за јавни приходи (УЈП) против него иницирала постапка уште во февруари 2018 година.

Во Барањето за поведување на прекршочна постапка стои дека „врз основа на извршен надзор врз должникот „Медиа Принт Македонија“, а за што е изготвен записник број 25 од 18.06.2017 година, констатирано е дека должникот не ги исполнил паричните обврсјки кон доверителот ‘Офсет Ацо ДООЕЛ’ и ‘ИН Такси’!“. Керим бил известен за поведената постапка пред државните инситуции, но тој го игнорирал известувањето и не го плаќал долгот. Во случајот на „Офсет Ацо“ се работи за фактура со број 12 од 16. мај 2017 година, но она што на овој случај му дава посебност е сознанието дека Срѓан Керим добил „Известување за пречекорување на законските рокови за плаќање на обврските“, од 21. јуни 2017 година.

Повеќе на Правосудство