Во четврток на јавна седница апелација ќе ја разгледува жалбата на Сашо Мијалков за одредениот притвор.

Изречениот притвор за господинот Мијалков е политичко, а не правно решение. Не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени, бидејќи не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога се изречени. Аргументите на СЈО не соодвествуваат со реалноста. Законот се крши по три основи кои ги потврдуваат сомненијата дека не станува збор за право и правда, туку за политика“, велат адвокатите на поранешниот директор на УБК.

Одбраната на Мијалков бара јасен одговор од СЈО кој стои зад наводните сметки  заради кои му беше изречен притвор.