Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 17:00 часот во вториот круг од локалните избори во Скопје гласале 27,9% од запишаните гласачи, што е значително помалку во однос на првиот круг, кога излезноста во истиот термин изнесуваше 40,36%.

Во споредба по општини, најголем пад е забележан во Сарај (од 47,94% на 8,77%) и Чаир (од 45,09% на 12,04%), а забележливо пониска излезност има и во Бутел (од 42,29% на 22,95%) и Гази Баба (од 35,55% на 25,79%).

Најстабилна гласачка активност се бележи во Карпош (42,86% → 39,62%)Центар (42,35% → 39,01%) и Кисела Вода (39,37% → 34,48%), каде излезноста останува блиску до просекот од првиот круг.
Во Аеродром до 17:00 часот гласале 36% од избирачите, што е за нешто помалку во однос на првиот круг (39,32%).

Најмала разлика има во Шуто Оризари (30,38% → 26,33%), додека најголем пад бележи Сарај, каде излезноста е речиси шест пати пониска во вториот круг.

Графиката ја прикажува споредбата по општини, каде јасно се забележува пониска активност во сите општини освен Центар и Карпош, каде процентите остануваат речиси идентични со првиот круг.