Во „Вила Водно“ утре од 13 часот ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, соопшти Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На средбата се поканети претседателите на: СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети, Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи.

На лидерската средба се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.