Шеесет и шест годишна жена попладнево со нож била убиена во нејзиниот дом во Драчево. Како што објави Слободен печат ја убил нејзиниот внук.

Убиството се случило на улицата ,, Антон Димитров‘‘, во домот на убиецот кого полицијата го привела.

Според информациите од истражните органи станува збор за дваесетгодишниот А.Р.. Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот на терен и по распитот на приведениот кој е осомничен дека го извршил убиството, се наведува во текстот.