ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување и катарза најавено од страна на претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани, информират од партијата.
Огласите се активни до 15.08.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрурува сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина на нашата татковина.
Comments are closed for this post.