Откако денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да отиде во Владата и да им го презентира планот за економски мерки без да се кратат плати со реакција излезе СДСМ. Оттаму го одбија предлогот и го нарекоа „прочитана книга“.
Според власта, економијата од -1.8% во време на ВМРО-ДПМНЕ за само две и пол години, со вистински економски политики достигна раст од +3.6% во време на СДСМ.
Оттаму велат дека јавноста не знае што е полошо, заразата со корона или неспособноста и суетата на владата на СДСМ
Кусогледоста на СДСМ и одбивањето на подадената рака значи целосно преземање на одговорноста за крахот кој следи. Тоа не само сто не е одговорно и суетно, тоа значи дека СДСМ нема капацитет да ја согледа сериозноста на состојбите во кој ја втурнаа нашата земја.
На граѓаните им се преку глава поделбите и сеењето на омраза на сдсм, бараат лидерство одлучност и решенија. ВМРО-ДПМНЕ ги има решенијата и ги нуди да ги спроведе СДСМ, пред се поради заедничкото добро за сите граѓани. Заев очигледно е посветен на авантите од носење на решенија.
Неделувањето и поделбите кои ги креира власта, може да доведат само до лоши резултати, кои што веке се и гледаат.
Сите мерки кои ги преземаат се преземаат со задоцнување. Суетата и надменоста на поединци се заканувааат да ја држат целат држава како заложник.
Здравствена криза и економската исто така не треба да траат до недоглед, потребно е што побрзо да завршат, а со ваквото неделување на власта кризата допрва почнува.
Comments are closed for this post.