Заев треба да си поднесе оставка од Влада и од СДСМ, три пати добива порака од народот и три пати продолжува со лажење и крадење, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Заев три пати ветува промени и се колне дека разбрал, и три пати упорно продолжува да краде и да лаже. Заев е исплашен од поразот кој го доживеа и знае дека уште еден таков пораз го очекува на 31 октомври. Заев е исплашен затоа што се плаши од пад на владата и воспоставување на правен систем во државата, а со тоа ќе дојде и со одговорност за неговите криминали. Заев доби метла, па глумеше дека ќе чистел во партијата и владата, потоа се колнеше дека ќе се реформира, за на крај сега во очај да вели дека разбрал што сака народот да му каже. Народот сакаше да му каже, но тој не го слушаше кога со Филипче сакаа да земат провизии од кинеските вакцини. Народот гласно викаше, ама на Заев не му се слушаше кога Вице рекетираше фирми кои работат во РЕК и мистериозно името му исчезнуваше од кривичните пријави, се вели во соопштението.
Заев не го слушна народот, додаваат, кога Рашковски беше фатен инфлагранти како мести тендери, а тој упорно го бранеше дека не е виновен.
Заев не ги слушна скопјани кога викаа дека Шилегов е криминален, дека гради зграда дивоградба и хациенда на Маврово. Заев не сакаше да го слушне народот ниту кога 14 луѓе живи изгореа и цела држава бараше оставка од Филипче. Народот се умори од викање по Заев, но тој не го слушна ниту еднаш, нема ни сега, затоа е завршено со Заев. Народот сака промени. И тоа веднаш, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.