Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ. Впрочем во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности. Целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев во континуитет го прави.
Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат.
Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации. Мафијата е таа шака луѓе кои ја ограбуваат државата, го осиромашуваат народот, а тие енормно се богатат. На ова се гледа крајот, а тоа ќе се оконча со крајот на власта на Заев, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.