Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, мафија на робија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека бурната реакција на народот спречи Мијалков да избега, Спасовски да си поднесе оставка веднаш.
Мијалков и Заев направија циркуз од цела држава. Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски ва дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност. Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта Спасовски и Заев. Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки. Очекуваме партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни.
Заев не смее да продолжи да ја резили државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.