Заев и Пендаровски се во паника. Свесни дека губат во недела, посегнуваат по тоа што единствено го знаат, криминал и измами. Заев и Пендаровски се фатени живи како крадат лични податоци на граѓаните.
Јавното обвинителство молчи и со тоа создава огромен сомнеж дека власта го користи овој момент за прикривање докази.
Доказ дека СДСМ брише докази е фактот што после обелоденувањето на аферата „Големото око“, апликацијата веднаш беше повлечена, па потоа вратена, а кружат информации дека е сменет и серверот на кој биле складирани украдените лични податоци.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите, нарачателите и извршителите на овој скандал што треба да заврши со узурпирање на волјата на граѓаните. Очекуваме дека освен нарачателите, оние кои го осмислиле и оние кои го реализирале ова навлегување во приватноста и крадење на лични податоци, пред правдата ќе одговараат и оние кои помагаат да се сокријат трагите.
Сите инволвирани треба да знаат дека ваквите дела не застаруваат. Одговорност за ова ќе има.
Ова афера е само доказ како функционира СДСМ, криминогено.
Гласот за Стево Пендаровски е глас за криминалот. Република Македонија мора да тргне напред. Државата бара право и правдина. Во недела да излеземе и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова. За правда во Македонија!
Comments are closed for this post.