Секој изминат ден, нов црн биланс во Македонија, ова денеска преку сооопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-За една недела умреа 195 луѓе поради неспособноста на Филипче, а здравствениот систем е во колапс и надвор од контрола. Црните рекорди кои ги бележи Македонија во пандемијата од корона вирусот, под раководство на Филипче, никако да престанат. Во последното деноноќие починаа уште 24 лица, чиишто семејства се завија во црно, а од почетокот на пандемијата починаа 1.305 лица. Секојдневните статистики од министерството за здравство се повеќе од алармантни и загрижувачки. Четирицифрена бројка на заразени од КОВИД-19 во Македонија стана секојдневие. Главен виновник за целата ситуација во државата поради КОВИД пандемијата е Венко Филипче. Поради неговата неспособност од почетокот на пандемијата до денес, бројот на македонски граѓани кои се заразија од вирусот надмина 47 илјади, а над 1.300 ја изгубија битката, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека овие алармантни бројки ни најмалку не го загрижуваат министерот Филипче.
Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота и очај. Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту терапија секаде. Граѓани умираат на пат до болница или во болничките ходници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. Што има таму, што неспособниот Филипче не може да им го обезбеди во јавното здравство? Или пак, постои некој интерес на Филипче, што овозможи, приватните болници да се богатат на грбот на пациентите, додека државното здравство колабира!? Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност! Оставка, Филипче веднаш, стои во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.