ВМРО-ДПМНЕ во понеделник на координација кај собранискиот спикер Талат Џафери ќе им ги понуди на потпис измените на законот за Влада со кои се бара укинување на техничката влада пред избори на останатите координатори.

Ова за „Сител“ го потврди координаторот на опозициската партија Мицевски откако Џафери рече дека е подготвен измените брзо да ги стави на седница доколку се потпишани од 4 најголеми партии како што бил потпишан и договорот за пржинска влада.

Доколку се постигне договор Мицевски очекува измените да бидат ставени на дневен ред веќе на 10 февруари за кога е закажана седница.

Сепак, малку е веројатно дека во понеделник кај Џафери ќе падне договор. Од Алијанса на Албанците сметаат дека прижинската влада треба да остане, а од партијата на Села имаат свои услови: следните избори да бидат со 8 изборни единици, но со отворени листи.

Ставот на Алијанса е битен бидејќи власта вели дека без политички консензус за овие прашања измени ќе нема. Сепак, од СДСМ велат дека се отворени да разговараат за сите прашања, па дури и за намален парламент.

Нивниот помал коалициски партнер пак, без двоумење го прифаќа предлогот за Собрание со 90 пратеници.