Со СДСМ Македонија назадува. Првиот месец оваа година со само 1% реализирани капитални инвестиции покажува дека и оваа година нема да нови проекти и раст, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Катастрофално лошото менаџирање со државата се гледа на секое поле. Со оваа власт за првпат во историјата јавниот долг надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП, со што се загрозува солвентноста на државата. За само две години долгот на државата е зголемен за скоро половина милијарда евра, а во исто време нивото на реализација на капитални проекти е очајно ниско. Каде и на што се потрошија скоро половина милијарда евра? Да монтираа бројчаник како што ветуваа до сега ќе прегореше од галопирачкото задолжување, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните се оптоварени со нови милијарди кои треба да ги враќаат наредните години, а притоа не добиваат ништо за возврат.

-Нема плата од 500 евра, нема поголеми пензии, нема 600 километри нов автопат, нема ништо од она што го ветуваа. Наместо подобар живот донесоа повисоки даноци, нови проблеми и беспарица. Власта ги зави граѓаните во црно и затоа треба да си замине. Поразот на претседателските избори е првиот показател дека граѓаните не сакаат државата да продолжи да тоне, порачуваат од партијата.