Заев и Филипче да кажат до каде е набавката на нови вакцини и каде заглавија најавените купени Фајзер и Спутник, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Вакцинацијата се одвива, а се гледа дека интересот на граѓаните е голем. Огромниот број луѓе пред вакциналните пунктови кои одат ненајавени кажува дека системот на Филипче потфрлил и дека не ги опфатил граѓанитр во целост. Доколку интересот продолжи во ова темпо, а Заев и Филипче не набават вакцини ќе се соочиме со застој во вакцинацијата, што непосредно пред есента во која ни се заканува нов бран воопшто не ни е потребно и ќе значи здравствени и човечки загуби. Да не дојде до несакани последици Заев и Филипче да кажат до каде се најавените купени Фајзер и Спутник? Зошто не се стигнати, и кога ќе стигнат?– се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Филипче, се додава во соопштението, да кажат кој е планот на владата за продолжување на вакцинацијата во август и септември?
-И дали пак планираат да молат за вакцини од соседството? Заев и Филипче да не ја брукаат државата и уште веднаш да пристапат кон обезбедување на дополнителен број на вакцини. Доколку не се способни нека кажат има државата луѓе со капацитет кои можат да помогнат. Време е неспособноста и криминогеноста да завршат. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението од опозициската партија.
Comments are closed for this post.