ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Џафери и пратениците со скафандери (ВИДЕО)

20.04.2021 / 15:17


Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, истакна денеска Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа очекува дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.

Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.

Кривичната пријава се однесува за двајцата пратеници со скафандери и спикерот Џафери.

 

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Ако Филипче некогаш дојде на власт ќе се работи четири дена недела а ќе дава пари на иселеници

пред 19 часа
Македонија

Mеланија Трамп кажа „Македонија“, Грците збеснаа

пред 1 ден
Македонија

„Норт ататик“…. Жерновски не знае што значи скратеницата НАТО (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно

пред 3 дена
Македонија

Стефановски: Членот 5 се активира веднаш штом една земја-членка ќе биде нападната на нејзина територија

пред 3 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Макрон и Брижит кога ќе станат прва мисла им е Македонија, исто и на Филипче

пред 3 дена
Македонија

Денеска ќе бидат претставени „страјкерите“ од САД

пред 3 дена
Македонија

Македонија со убедливо најниски цени на горивата

пред 4 дена
Македонија

Новиот Јавен обвинител Савески: Немав контакти со Владата за изборот

пред 5 дена
Македонија

Д-р Кедев ќе добие поштенска марка „14 највисоки врвови“

пред 5 дена
marsbahis girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobet girişJOJOBET GİRİŞjojobetjojobet girişgamdomgrandpashabetCasibomjojobet girişholiganbet girişMarsbahis