За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.
СДСМ за морал и одговорност може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта. Заев да престане да се крие позади оставката на Богоевски. Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци. „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата” е симбол за корупцијата на Зоран Заев и оваа влада. Сите оние пари кои што ги има барано Зоран Заев по едно евро за неговиот брат е симбол како функционира Зоран Заев, како функционираше како градоначалник на Струмица и како функционира како претседател на Владата. Местото на Заев не е во политиката. Неговото место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава. Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.