80% од странските инвестиции со кои се фали СДСМ се реинвестирана добивка на веќе постоечките инвеститори во државата, кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, треагираат од опозициската партија.

СДСМ нема направено ништо за економијата. Со оваа влада економијата само тоне, доказ за тоа е и оценката на германските стопанственици, според кои економската политика на СДСМ е оценета со нула. Инвестициите на „Чагатај Кабло“, „ВИК“, „Теламон“ и „Мурат Тичарет“ се инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и Стево Пендаровски не направија ништо друго за економијата освен задолжување. За две години државата ја задолжија за над половина милијарда евра. Капитални инвестиции нема, а никој не знае каде отидоа парите за кои не задолжија, а треба да ги враќаат идните генерации“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму возвраќаат дека гласот за Пендаровски е глас за економски дебакл.