Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија е загубена држава. Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици. Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски и Катица Јанева. Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на било која врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев, стои во партиското.
„Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај? Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев? Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?“.
СДСМ и Заев, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, ја ставија државата во служба на мафијата.
-Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет. Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада. Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за припишување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство, се подвлекува во соопштението и се додава:
„ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев. Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро. Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите“.
Comments are closed for this post.