ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска да отвори случај по допрен глас за изборна измама, откако поранешниот поглавар на Исламската заедница Сулејман Реџепи изјави дека од СДСМ го молеле, па затоа им помогнал во изборот на Пендаровски на претседателските избори во 2019 година.

Обвинителството раководено од Рускоска да престане да му слугува на измамникот Зоран Заев и по допрен глас да го изведе пред лицето на правдата, заедно со неговите соучесници кои шурувале на повреда на слободната волја на гласачите за да биде избран Стево Пендаровски.Измамниците на слободната гласачка волја и прекршителите на Уставот на Република Македонија мора да одговараат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ посочува на членовите од Кивичниот законик според кои Рускоска треба да реагира.

Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.
Според член 23 од Кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот – посочуваат од партијата.

Оттаму сметаат дека Стево Пендаровски бидејќи не победил на изборите треба да се им се извини на сите граѓани, да им објасни зошто неговата победа била победа на поранешниот реиз Сулејман Реџепи и да понесе одговорност.