„СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување на партиски активисти, кои потоа наместо извршување на работата за која се платени, работат за партијата  за време на избори, агитираат и собираат гласови“, обвини членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

ВМРО-ДПМНЕ објавија аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, на која како што тврди Николов се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Снимката е наводно од состанокот на нововработените во прилепската болница.

„Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите нововработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите“, образложи Николов.

Тој додаде дека вработените во време на СДСМ, како надомест за нивното работно место, мора да работат за партијата и Стево Пендаровски.

„Потребна е итна и неотповиклива оставка од Сугарески. Како и итна реакција на Јавното обвинителство. Бараме владата која одамна веќе нема кредибилитет итно да си даде оставка, да го распушти Парламентот, да се распишат предвремени парламентарни избори и да имаа одговорност, како за овој така и за сите преостанати случаи на криминал, корупција и злоупотреби кои се направени во изминативе три години од СДСМ и Зоран Заев на чело“, рече Николов.