ВМРО ДПМНЕ бара дијалог со парламентарното  мнозининство. Да седнат на заедничка маса и да ги отворат прашaњата поврзани со законите кои ги поднесува опозицијата, да разговараат за злоупотреба на европското знаменце и скратената постапка,а за почеток да се свика посебна таканаречена ,,Ковид“ седница на која ќе се изгласаат законите кои се дел од 5-тиот сет антикризни мерки.

СДСМ го одби предлогот на ВМРО ДПМНЕ и ги повика пратениците да ги напуштат деструктивните политики и неодговорното однесување.

Алијанса на Албанците и Алтеренатива не попушта од барањето за Законот за државјанство.

Парламентарното мнозинство пак е убедено дека ќе најдат начин како да ги донесат законите.Во спротивно ќе биде неопходно да се свика лидерска средба.