СДСМ и Димитар Ковачевски да покажат минимум политичка зрелост и чувство за државата. Да се издигнат над ситуацијата и барем еднаш да застанат во одбрана на македонското национално единство, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално единство, Ковачевски да ги напушти политиките на заевизмот и да застане во одбрана на националните и државни интереси.
За националните интереси потребно е да се обезбеди заедништво. Со политиките на заевизмот кои ги изминираа македонските позиции тоа не е можно.
Македонија е наш заеднички дом и сите ние сме дел од тој дом.
Ковачевски да не стои спроти народот, да не се крие, и да покаже минимум национално чувство.
Мора да се обединиме околу националните црвени линии.
На народот му е преку глава од порази, и од СДСМ да застанат зад линијата на државните и национални интереси.
Подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ останува кога во прашање се Македонија и народот. Ковачевски да се охрабри и да дојде на страната на Македонија, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.