Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра. Граѓаните се се посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.