ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржа вториот протест против зголемувањето на струјата. Граѓаните во голрм број излегоа на улиците незадоволни што власта се богати на нивен грб додека тие се принудени да плаќаат високи сметки за електрична енергија.

Транспарентите „Доле влада“, „Заев апаш. Тендери лапаш“ и „Нов бонбона бизнис“ јасно покажаа колкав е револтот кај граѓаните.

Владо Мисајловски вели дека гласот на народот е да се намали цената на струјата и дека компетниот состав на Регулаторната комисија треба да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде на улица, затоа го повикуваме целиот народ, сите граѓани и здруженија да ни се придружат. Мора да го чујат нашиот глас затоа се здружуваме со сите-рече Мисајловски.

Претходно делегација на ВМРО-ДПМНЕ наиде на затворени врати за да им ги достави барањата од име на граѓаните.