Артан Груби веројатно притиснат од низата скандали и сомнежи за криминал реагира импулсивно и се користи со лаги. Додека дели совети што е добро, а што лошо за македонскиот народ, добро е да се нотира дека Груби исто како и Ковачевски нема мандат да турка уставни измени без да биде прашан народот на избори, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на партијата за изјавите на Груби во врска со уставните измени.
Митева потенцираше дека изјавите на Груби дека едно се зборува пред народот, а друго пред амбасадорите се лажни, повикувајќи го Груби да ги каже кои се тие амбасадори.
И тука нивната позиција прво уставни измени, па избори значи пропаѓање на сите нивни лаги дека имале мнозинство за уставните измени, што значи дека по повеќе месеци континуирани манипулации се распрснува како меур сапуница лагата дека само што тие не се случиле или изгласале. За приказните на Груби дека едно се зборело пред јавноста, а друго пред амбасадорите добро е Груби пред да растура пердуви да каже кои се тие амбасадори и тие да кажат мислење и свој став за ова лажно тврдење на Груби, истакна Митева.
Митева уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни измени на шверцерски начин без мандат од граѓаните нема да се случат, како и дека повеќе не важи правилото коалицирање победник со победник, порачувајќи дека доколку ДУИ во тоа го бара спасот, амнестија за криминалот нема да има и треба да се подготвени за одговорност.
На шверцерски начин, на мала врата уставни измени, без мандат од граѓаните нема да има. А за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши ова прашање има само еден начин да се провери, а тоа е да има избори. Разбираме дека Артан Груби е нервозен бидејќи се ближи неговиот политички крај. Јасно кажуваме дека за ВМРО-ДПМНЕ не важи правилото за коалицирање победник со победник. Правилото победник со победник заврши оној момент откако Али Ахмети одлучи да направи влада со Зоран Заев. Тоа правило тука заврши и е веќе категорија која е во историјата на македонската политика. Никој нема ниту морално, ниту суштинско право да го поставува тоа барање. Ако во тоа го бара спасот ДУИ јасно кажуваме дека амнестија на криминал нема да има, и треба да се подготват за одговорност, децидна е Митева.
Comments are closed for this post.