Обвинувањата и расправиите на функционерите во правосудството и владата на тема корупција се во стилот на пресметка на две криминални банди. Односно во услови на силен домашен и меѓународоен притисок членовите на една банда се поделија на два клана кои сега си ја префрлаат својата вина. Јавноста не заборава дека овие два клана функционираа идеално односно едните го крадеа народот, а другите ги штитеа, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа власт на СДС е дувлото на криминалот и корупцијта во Македонија. Ова распупено правосудство е заштитникот и адвокатот на криминалот. СДС е власт веќе 6 години, министерството за внатрешни работи го имаат веќе 7 години, а резултатот од тоа е ортаклук со криминалците, корупција на секој чекор. Денешните изјави на првите луѓе од криминалното миље наречено власт, се само обид да ја изманипулираат јавноста, да глумат загриженост и кавга, да избегнат одговорност и пак да си продолжат по старо. Но работите се дојдени до состојба од која нема враќање назад, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот бара одговори и одговорност. Овие криминалци од власта и нивните заштитници од правосудството мора да одговараат пред законите и ослободеното судство, додаваат од таму.