Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот бринфинг со новинарите истакна оти е убеден дека најавениот референдум ќе успее и оти граѓаните ќе ја препознаат важноста. Тој нагласи дека без разлика на исходот од референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени за влез на Бугарите.

-Пред нас постојат две дилеми, што доколку референдумот кој треба да биде задолжителен не успее, и второто е што ние немаме  проблем со Берлин или Париз туку имаме проблем со Софија, зашто без да ја дефинираме историјата согласно нивните факти ние нема ниту да ги почнеме преговорите нити да напредуваме на патот кон членство во ЕУ. Никој во ЕУ не може да ни гарантира дека Бугарија нема да продолжи со својата политика на вето. Оттука, единствен пат е укинување на билатералниот Договор во кој постои клаузула, односно збор за негово напуштање. Отровно дрво раѓа отровни плодови. Од друга страна, подготвени сме да преговараме за нов договор со Бугарија без асимилаторска содржина, изјави Мицкоски.

Тој е убеден дека референдумот ќе успее за што е потребно семакедонско убедување,но и поддршка од сите граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи….зашто директно е нападнат  македонскиот идентитет.