Наместо за животите на граѓаните и санирање на економските последици од оваа страшна несреќа која го погоди светот, власта се занимава со личен профит, тендери и непродуктивни трошоци на грбот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тестот за коронавирусот кој чини неверојатни 5 илјади денари е само последниот пример за срамното профитерство на власта.
Во време кога Светската здравствена организација препорачува масовно тестирање на граѓаните за присуство на коронавирусот, Фондот за здравство наплаќа неверојатно висока цена за тестовите, додека Заев бара намалување на платите на работниците. Најскандалозно во целата ситуација е тоа што истите тестови за коронавирусот во приватните клиники чинат три пати помалку, односно 1.200 и 1.500 денари. Се поставува прашањето кој профитира од несреќата на граѓаните?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека разликата во цената е огромна и достигнува и до 3750 денари.
Да не заборавиме дека институциите со кои раководат Венко Филипче и Ден Дончев и претходно вмешани во сериозни криминалии во врска со рекетирање на фирми кои се занимаваат со дијализа, но и други скандалозни и крвави тендери. Ова што се случува е срамно, а по завршувањето на кризата некој за ова ќе треба да одговара пред законите на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.