Место да носи декларации, СДСМ треба да го спроведува законот, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарско прашање како ги коментираат вчерашните заклучоци на СДСМ и донесената декларација, претседателката Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска изјави:

Многу несериозно за политичка партија која што е на власт и која што треба да ја спроведува програмата во која што, патем речено, вели дека ќе се бори со криминал. Во тек на ваков скандал да донесува декларација. Тие се власт и тие треба да го спроведуваат законот. За нас тоа е премногу несериозно во овој момент да носите декларација кога се соочувате со вакви многу сериозни скандали.