Денес оваа марионетска капитулантска мафијашка тројка е на патот кон буништето на историјата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставот на СДСМ дека режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство.

Денес македонската борба е соочена со предизвик од капитулантска инсталација на власт креирана од домашни квазиполитичари и мафијашки структури предводени од Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека и  денес трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација.

И денес оние кои покажуваат љубов кон Македонија, кон татковината, кон традицијата, кон македонскиот идентитет се жртви на геноциден режим кој затвора и цензурира интелектуалци, политички неистомисленици, уметници, патриоти. Денес марионетската капитулантска инсталација на власт знае дека продажбата на светото име Македонија, македонската посебност и идентитет, нема да ги спасат,  стои во реакцијата од опозициската партија.

Во реакцијата сепотенцира:

Ниту криминалот создава правна држава ниту капитулацијата е европска вредност.