Македонија минатиот јуни не доби датум за преговори. Датум за преговори нема да добиеме ниту овој јуни. Земја која е закована на дното на листите за корупција не може да се надева на членство во ЕУ. Земја водена од аболицирани криминалци кои работат по принципот „евро за црквата, евро за вице” нема да станат дел од ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е цената која граѓаните ја плаќаат за лагите на Зоран Заев и неговиот послушник Стево Пендаровски.
Губитникот Стево Пендаровски кој никогаш за ништо не носел одлуки е избран од Зоран Заев само за да го штити и прикрива криминалот.
Губитникот Стево Пендаровски нема принципи исто како и Заев. Пендаровски ги поддржува неморалните акти на лидери на партии од неговата коалиција кои за пари го продаваа името на државата. Пендаровски молчи за снимките кои ги виде целата јавност затоа што и тој би го продал името за глас на изборите кој би му овозможил да помогне во криминалите на Заев.
Губитникот Стево Пендаровски молчи и за криминалот со „Глобал“ од 8 милиони евра и срамната аболиција со која Заев и избега на правдата, затоа што е спремен на се, па дури и на криминал само за да добие на избори.
Губитникот Стево Пендаровски е во друштво на криминалции и тоа не му пречи.
Губитникот Стево Пендаровски е соработник во криминалот. Човек кој што е во криминал, не може да ја придвижи Македонија кон ЕУ. Таквите луѓе се ретроградни и истите ја туркаат Македонија на дното.
Државата има потреба од нов тип на политичари, чесни и честити. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за промени.
Comments are closed for this post.