Република Македонија со Зоран Заев стана единствената држава во Европа каде има осуден новинар, само затоа што ги извадил криминалите на власта на површина. Криминалецот Заев во страв и очај од изборен пораз и во паника да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес. Заев со пресудата преку неговото Луј Витон правосудство сака да испрати порака до сите новинари да не ги објавуваат неговите криминали и криминалите на неговата влада, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Целата македонска јавност знае дека зад драконската казна на Луј Витон судството стои токму Заев кого сите го слушнавме како и претходно нарачувал судски пресуди, а целта е никој во државава да не зборува и да не пишува ниту за рекетираните милиони од повеќе бизнисмени ниту за сите погрешни политики и порази кои ги нанесе изминативе три години.
Ова за жал не е единствен случај. Откако Заев е на власт сведоци сме како се контролираа па затвораа медиуми, како се сменуваа критички настроени уредници, се поднесуваа кривични пријави и се цензурираше секоја објава за тешкиот криминал на бандата на Заев.
Дополнително на тоа дека Заев е во страв и паника од пораз говори и фактот дека за неполни 24 часа го промени ставот за имињата на училиштата само да се додвори на одредена група гласачи во обид да ги покрие сите скандали на корупција и криминал на неговата влада.
Лажењето на Заев му стана навика па незаконитоста на менувањето на имињата на училиштата во Чаир, по само 1 ден стана законска. Толку лаги изнесува секојдневно во јавност што повеќе не му е важно што излажал претходниот ден, каде излажал, кого излажал и какви се последиците.
Повеќе од јасно станува дека Заев повеќе не се контролира ни себе, ни тоа што го мисли и говори. Секој ден се повеќе покажува дека е очаен и истрошен политичар во заминување кој не може да се помири со тоа дека наскоро ќе одговара пред законите за сите свои злодела нанесени на Македонија и македонските граѓани.
Колку и да се обидува да тероризира и уценува, Заев не може да му избега од судот а граѓаните. Пресудите, заканите и лагите нема да го спасат од тоа што му следува на 12 април.
На 12 април следува крај на мафијата на Зоран Заев и СДСМ и следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.