На Седницата на Извршниот одбор на ПОДЕМ, а во присуство на претседателите на општинските организации на ПОДЕМ, свое обраќање имаше претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкуловски, во кое ги презентираше своите ставови за актуелната политичка ситуација и предизвиците со кои се соочува Република Македонија.

Посебно внимание на состанокот се посвети на текот на подготовките на партиските тела и општинските организации за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

Во раните утрински часови, се донесоа следните заклучоци:

– Да продолжат преговорите со досегашниот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ, со цел изнаоѓање заедничко решение, а врз основа на програмските и стратешки интереси за Република Македонија и натамошна соработка.

– Да се превземат активности за евентуален самостоен изборен настап на предвремените парламентарни избори или во коалиција со помали политички партии со слична програмска платформа.

– Конечната одлука за настап на предвремените парламентарни избори на ПОДЕМ ќе ја донесе Централниот одбор, во вторник, 10-ти март 2020 година.