Ковачевски да не ја замајува јавноста, од СДС веќе ја признаа аферата Броило. Фирмата на која основач е Ковачевски, Пиксел груп, е во центарот на соларниот картел кој свртел 26 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на кумот на Ковачевски само од државни тендери добила скоро 2 милиони евра откако е СДС на власт, а во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, истата склучува договор од над 2 милиони евра со ЕВН.

И сето ова се случува додека народот плаќа поскапи сметки за струја, фирмите имаат 5 пати поголеми давачки за електрична енергија, а стотина се затвораат секој месец.

Лицемерието на СДС е огромно. Додека народ пати, тие вртат милиони.

Ковачевски да не бега, да признае и да си поднесе оставка, велат од партијата.