„Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.
Од партијата велат дека не поминува ден, а да нова индиција, документ или сведоштво за вмешаноста на Зоран Заев во случајот Рекет. Оттаму потсетуваат за новата информација која вчера ја испратија медиумите во која премиерот Заев е спомнат како човек кој бил запознаен со рекетирањето, но и дека Боки Тредичи се фалел дека доколку истиот го плати рекетот ќе биде поставен за директор на една телекомуникациска компанија, во која државата е косопственик.
Боки Тредичи според исказите на жртвите бил во константна комуникација, не само со Катица Јанева која е директен извршител на делото, туку и со високи функционери од власта, кои де факто се помагачи и со своето влијание и авторитет му овозможиле на Боки Тредичи позиција да рекетира, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата побараа ЈО да престане да биде развлекувач на истрагата. Да постапи согласно закон и да поведе истрага против сите потенцијално вмешани.
Владата, Зоран Заев лично, ЈО и сите чинители во процесот треба да знаат, дека иднината на Македонија е пред нивните политички кариери. Развлекувањето на случајот Рекет може сериозно да го стави под знак прашалник нашето отпочнување на преговори со ЕУ, соопштуваат од опозцијата.
Партијата бара веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.