Предлогот од осумтемина независни пратеници да се тестираат пратениците за користење на наркотични средства е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на партијата Наум Стоилковски дециден дека апсолутно е прифатливо и оти и во опозициската партија имало ваква идеја за иницијатива.
Не е само што треба пратениците вака да се тестираат туку мора да бидат и проверувани особено оние пратеници коишто поседуваат, а има повеќе такви пратеници коишто и да не се членови на комисијата имаат право да добијат безбедносен сертификат и да имаат увид во државни тајни, во безбедносни тајни и многу важни документи за безбедноста и стабилноста во Република Македонија. Оттука мислам дека е една иницијатива којашто во моментов добива актуелност. Може да биде и доброволно, може и да биде и задолжително. Оној што ако на доброволно не се јави, апсолутно отвара дополнителни сомнежи такашто тоа ќе го оставиме за понатаму. Тоа е јасно дека во моментов се наметна како потреба да се направи едно такво испитување“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.