Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски.
Овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува МВР на Спасовски ова да го заташка. Ова не може да помине со ослободување или условна казна, бидејќи Митовски беше избран да работи за градот, а не да ги тепа граѓаните.
Да потсетиме дека на 14-ти јануари градоначалникот Митовски во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаков повод и пред неколку лица му удрил шлаканици. После овој инцидент, според тврдењето на жртвата биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство да ја повлече пријавата.
Митовски треба да си поднесе оставка, тој веќе не е достоен за функцијата која ја врши. СДС и институциите под нивна контрола колку и да се обидуваат да го заштитат, нема да можат, затоа што народот се охрабри и веќе не им се плаши. Одговорност ќе има
Comments are closed for this post.