Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поддршката за Пендаровски е поддршка да продолжи полнењето на јавната администрација со роднини на функционери, додека млади професионални кадри ја напуштаат земјата. Гласањето за Пендаровски е глас за Мира Дизел, која си го вработи синот во ЕЛЕМ, кој се уште не си дава отказ. Гласот за Пендаровски е и глас за Милева Георгиева, Костадин Костадинов, Фросина Ременски и другите функционер кои јавната администрација ја гледаат како средство за згрижување на роднини. ДКСК наместо да чека по изборите, треба сега да го објави извештајот за непотизам и влијанија при вработување, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека ДКСК мора да делува веднаш и да се ослободи од стегите на власта.
Граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им кажат не на политиките на минатото, на непотизмот, криминалот и корупцијата. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Стево Пендаровски, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.