ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и шовинистички изјави на Ангел Џамбаски кон постоењето на Македонија, реагираат вечерва преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ после скандалозното обраќање на бугарскиот европратеник.

Владата мора да има системски одговор на ваквите провокации и навреди.

Ова ли е заедничкото пријателство за кое збори Заев?

До кога ќе молчи македонската влада на ваквите негаторски и шовинистички изјави?

Ова доаѓа откако и самиот Заев даде скандалозни толкувања за јазикот, историјата и идентитетот, се вели во соопштенеито на ВМРО-ДПМНЕ.