Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната вонредна седница на предлог на лидерот Христијан Мицкоски ги исклучи од партијата седумте пратеници кои гласаа „ЗА“ уставни измени согласно договорот од Грција.
Пратениците кои гласаа спротивно на партискиот став ме разочараа мене, но тоа не е и толку важно, пред се ја разочараа и партијата и татковината, рече партискиот лидер на прес-конференицијата која се одржа точно на полноќ во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека на осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за уставните измени дека тргнале против волјата на граѓаните и рече дека според информациите и она што се говорело на пратениците им било ветувано дека ќе бидат ослободени од обвиненија, кои како пто потенцираше биле повод да ги уценат да гласаат за Договорот.
Оние осум пратеници од опизицијата без оглед на фактот што добар дел од нив опфатени со поплитички прогон, мислам на предметите на СЈО и на 27 април и на глава им висат сериозни обвиненија кои можеби ќе ги чинат слобода, можеби некој за нив ќе има разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам, ниту пак можам да ја разберам нивната постапка, истакна Мицкоски.
Тој потенцираше дека има и други пратеници против кои има обвиненија, но како што рече се одважија и гласаа согласно партискиот став.
Сакам да им се заблагодарам на пратениците кои одолеаа на притисоците и заканите. Вие сте пример како се брани својата земја и својот народ, истакна Мицкоски.
На новинарско прашање дали луѓе на високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ учествувале во процесот на убедување на пратениците да гласаат за уставните измени, Мицкоски потврди и најави дека во перидот што следи ќе бидат идентификувани и појасно прикажани во јавноста.
Мицкоски рече дека она што се случувало во Собранието е силување на процедурите.
Македонија е во тешка ситуација. Договорот е само параванот, а во позадина се бизнисите и криминалот кој не престанува.
Во продолжение од обраќањето тој додаде дека ова не е крај за Македонија.
Ова е почетокот за Македонија. Ова е почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата срамна улога во нашата историја. Кој друг ако не ни, мораме да се спротиставме на ова зло кое ја гуши нашата земја. Заев сега избега од избори, ама ќе дојдеш еден ден. Ќе те победам. Ќе добиеш жестока казна од народот, било да се изборите сега или кога и да се, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.