Пописот го одложија Германија, Ирска и Шкотска поради ковид-19, само Заев турка фалсификат попис. Дали Заев сака да каже дека државата е поспремна да организира попис од една Германија, Ирска и Шкотска? Од небото се гледа дека целта на Заев не му е статистичка операција, туку фалсификат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев повторно се обидува да ја излаже македонската јавност дека законски ќе се спроведува пописот, а со своите експериментални политики на државно ниво, ја направи Македонија еден голем експеримент, во кој тој деспотски се однесува и не прифаќа политички консензус.
Политичкиот фалсификат е на повидок со овој попис, со кој власта форсира повторно своевиден инженеринг и затоа одбива методологијата за пописот да ја видат сите граѓани, како и истата да биде точно објаснета во законот за попис. Нејасно е зошто власта одбива пописот да биде извршен според европските стандарди, нејасно е и зошто Заев инсистира да се попишува нерезидентно население. Отисокот од прст е единствениот сигурен начин кој ќе гарантира дека власта нема да го фалсификува пописот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.