Георгиевски и Бучковски се истурени играчи на Заев. Нивниот став за Бугарија е и негов. Бучковски кажа дека тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот со Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев.

Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура

Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија.

Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија.“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.