Венко Филипче и Зоран Заев, и покрај тоа што четвртиот бран гази во Македонија и има дневно повеќе од илјада заболени, се без компас, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
И не само што има голем број на заболени во едно деноноќие, и не само што опозицијата и експертите предупредуваа, Заев и Филипче не направија ништо.
Здравствениот систем не беше подготвен ни за првите три брана на корона, не е подготвен ниту за овој четврти. И како би бил кога ништо не направија како што треба.
Мерките кои ги воведоа, а дел и ќе ги воведуваат од први септември освен што внесуваат конфузија и што се во насока на уништување на економијата, секторот угостителството, веќе не се од никаква помош за намалување на бројките на заболените.
Заев и Филипче единствено се вешти за земање на провизии.
Друго се што прават е уништување. Сега ја уништуваат економијата, а не се организирани да ги згрижат пациентите, уште помалку да се намали бројката на заболени.
Затоа веќе не се чека одговор од нив, туку заминување од функциите.
Comments are closed for this post.