СДСМ се плаши од ефективна борба против криминалот и корупцијата. СДСМ се плаши од професионални и независни институции – контрареакција од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ дека барањата на Мицкоски нема да  се остварат.

Од таму велат дека одговорност мора да има за референдумскиот фалсификат и за сите криминали на владата на СДСМ.

Македонија е пред нова политичка криза како резултат на неспособноста на Заев  и СДСМ. Излез од политичката криза ќе биде прифаќањето на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, возврачаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат на нивните барања:

Доколку СДСМ навистина сака предвремени избори , потребно е формирање на техничка пржинска влада, содржински иста онаква каква што имаа СДСМ и Зоран Заев пред изборите во 2016-та година. Одговорност за криминалите на власта мора да има, поради тоа второто барање е ЈО кој ќе е на предлог на опозицијата. Третото барање е формирање на собраниска комисија  која ќе ги разгледа нерегуларностите при референдумскиот процес, за да истите не ни се повторат за време на предизборието и на самиот ден на гласање.

Втората опција е Заев и СДСМ веднаш да се откажат од капитулантскиот договор, а потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. После изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција, веднаш по завршување наб работата на постојното политизирано јавно обвинителство.